ИСА-БЕГ

ИСА-БЕГ (ⅩⅤ в) – управник на Скопското воено краиште (1444– 1463). По заземањето на Босна (1463) бил назначен за нејзин санџакбег. Одржувал трговски врски со Дубровник и бил еден од најголемите феудалци во тоа време. Во Скопје изградил повеќе профани и сакрални објекти, од кои најпозната е неговата џамија, во чиј комплекс имало и библиотека со преку 320 тома ракописни книги. ЛИТ.: Драги Ѓоргиев, Скопје од турското освојување до крајот на ⅩⅤⅠⅠ век, Скопје, 1997. Др. Ѓ.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *