ИНСТИТУЦИИ

ИНСТИТУЦИИ ЗА ОСИГУРУВАЊЕ И РЕОСИГУРУВАЊЕ ВО РМ. Во земјата се регистрирани и работат девет друштва за осигурување, едно друштво за осигурување и реосигурување, четири осигурителни брокерски друштва и Националното биро за осигурување. Тие се: ад за осигурување и реосигурување „Кјуби МакедонијаСкопје; ад за осигурување „ВардарСкопје (во меѓувреме откупено од „Триглав” – Љубљана); ад за осигурување „Табак” Скопје; тд за осигурување „Макошпед-осигурување” ад Скопје; Друштво за осигурување „Сигма” ад Скопје; ад за осигурување „Еуролинк” Скопје; Друштво за осигурување „Инсиг-Македонија” ад Скопје; ад за осигурување „Си-гал” Скопје; ад за осигурување на живот „Вардар-Цроатиа Осигурување” ад Скопје, ад „Осигурителна полиса СкопјеСкопје; Национална групација за осигурување Скопје, Акционерско осигурително брокерско друштво „Еуро Експрес” Скопје; Осигурително брокерско друштво „Еуро Брокер” ад Скопје; Осигурително брокерско акционерско друштво „Виасс” Скопје; Осигурително брокерско друштво „Ин-Брокер” ад Скопје. Во 1992 г. е формирано Националното биро за осигурување, со следниве задачи: да ги претставува друштвата за осигурување во меѓународните организации; да ги координира активностите со меѓународните зелени карти за потребите на членките; да подготвува кодекс за однесување на друштвата за осигурување и да извршува други сл. задачи. Ако се направи рангирање на осигурителните компании што дејствуваат во просторот на РМ, врз основа на општоприфатените критериуми (големина на активата, износ на бруто-премијата, големина на капиталот и вкупен профит), со првите 40 осигурителни компании во земјите од Југоисточна Европа, ќе се констатира дека една компанија се наоѓа на 18-тото место, а две компании на 31-вото односно на 35-тото место. Учеството на премијата во бруто домашниот производ, во последните пет години, се движи од 1,5%–2,2% (овој процент во развиените земји се движи 10%–16%). Според овие индикатори може да се констатира дека неживотното и животното осигурување во РМ е недоволно развиено. ИЗВ.: Материјали од Министерство за финансии на Република Македонија.ЛИТ.: Тихомир Јовановски, Економика на осигурување, Скопје, 2005. Д. Ј.

This post is also available in: mkмакедонски enEnglish frFrançais deDeutsch ruРусский

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.