ИГ, Кловис

ИГ, Кловис (Цловис Хугуес) (1851– 1907) – истакнат француски поет, политичар и борец. Зел учество во Париската комуна (1871) и станал нејзин член. Соработувал во демократски и социјалистички весници и списанија. Во својата поезија ги истакнувал социјалните неправди и култот кон слободата на народите. Автор е на повеќе книги, меѓу кои се истакнуваат: Денови на борбата (1883), Приспомнување (1885), Народни песни, Розите од Лорие (1903) и др. Песната „За Македонците” (Поур лес Мацедониенс) ја прочитал на еден митинг за Македонија што се одржал на 17. Ⅲ 1903 г. во Париз и ја публикувал во печатот. Г. Т. Баргалски игловрв