ИВАНОВСКИ, Васил

ИВАНОВСКИ, Васил (с. Ловраде, Костурско, 1906 – Софија, 1991) – истакнат национален деец, револуционер, журналист, публицист и историограф (со псевдоним: Динко Динков, Бистришки). Со семејството протерани од Егејскиот дел на Македонија во Бугарија. Во Пловдив завршил прогимназија. Бил тутунски раВасил Ивановски ботник, синдикално и политички активен, а од 1923 г. член на БРП (комунисти) и претседател на Прогресивната македонска младинска организација. Во 1926 г. емигрирал во СССР (Одеса и Тбилиси). Во септември 1927 г. бил испратен на студии во КУМНС во Москва, а по завршувањето на студиите се вратил во Бугарија (1932). Бил во раководството на ВМРО (Об). На судскиот процес во Софија против членови на ВМРО (Об) бил осуден во отсуство на 5 години затвор (1936). Во 1941 г. преминал во нелегалност. Во 1942 бил уапсен и осуден на 15 години затвор. Од 1943 г. казната ја издржувал во Идризово, Скопско, а во средината на 1944 г. избегал на слободната територија и стапил во редовите на Македонската војска. Бил делегат на Првото заседание на АСНОМ и заменик-министер за социјални грижи. Во ноември 1945 г., поради несогласување со политиката на владата на Колишевски, заминал во Бугарија и бил активен во редовите на македонската емиграција, афирмирајќи ја македонската национална држава. Во судскиот процес на Трајчо Костов (1949) бил осуден како „Титов шпион”. Издржал седумгодишна казна затвор (до 1956). ЛИТ.: Васил Ивановски, Зошто ние Македонците сме одделна нација, Избрани дела. Предговор, избор и редакција Иван Катарџиев, Скопје, 1995. К. Мин.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *