ЗЕМЈОМЕРКИ

ЗЕМЈОМЕРКИ (Геометридае) – ноќни пеперуги со тесно и издолжено тело. Имаат мала глава со слабо развиена цицалка. Активни се ноќе. Гасениците се движат на карактеристичен начин (како да ја мерат земјата), со додатни 2–3 пара нозе на задниот дел од телото. Во Македонија се потврдени 316 вида од кои 2 се ендемични. Најпознат вид е боровата земјомерка (Бупалус пиниариа Л.), познат штетник на борови насади, чии ларви се хранат со иглички од бор и од други четинари. ЛИТ.: Рудолф Пинкер, Дие Лепидоптерен фауна Мазедониена. Ⅲ. Геометридае, Посебно издание. Ацта. Мус. Мац. Сци. Нат., Скопје, 1968; Јонче шапкарев, Зоологија на без’рбетните животни, Скопје, 1991; Владимир Крпац анд Бранислава Михајлова, Биодиверситѕ оф Мацедониа фром а виењ поинт оф хитхерто фаунистиц инвестигатионс. Партиципатион њитх Ундерпројецт: Класс Инсецта, Мацедониан Мусеум оф Натурал Хисторѕ – Министрѕ оф Сциенце, Финал Репорт, Скопје, 1999, 23-30. В. Т. К. – М. Кр.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *