ЗАЈАС

ЗАЈАС – село во Кичевско. Се наоѓа во источното подножје на планината Бистра, од десната страна на Тајмишка Река, на надморска висина од околу 800 м. Низ селото поминува магистралниот пат М–4, кој го поврзува со Кичево. Населено е со Албанци, а нивниот број изнесува 4.712 ж. Голем дел од населението се наоѓа на привремена работа во странство. Зајас е седиште на општина која зафаќа површина од 16.108 ха, има 13 населени места со 11.605 ж. Во селото постои осумгодишно училиште и здравствена станица. Ал. Ст.