ЗАБАВИШТА

ЗАБАВИШТА -. вид предучилишни установи за деца од 5 и 6 години. Постојат во рамките на детските градинки и при основните училишта. Први вакви форми на предучилишно воспитание во Македонија се јавуваат во втората половина на ⅩⅠⅩ в. Меѓу двете светски војни, за време на Активности во забавиште Кралството Југославија, работеле во состав на основните училишта, главно, во поголемите градови. Во учебната 1939/40 г. во Македонија имало 25 забавишта, во кои биле опфатени деца на возраст од 4 до 7 години. Поголем развој доживуваат непосредно по ослободувањето. Имале карактер на педагошка установа (пристапот во нив бил доброволен и слободен за сите деца), за разлика од детските градинки (3 до 7 години), кои се третирале како социјални установи (се згрижувале само деца на вработени родители). Пред донесувањето на Законот за заштита на децата (2000), функционирале под името организации за згрижување и воспитание на децата. Во рамките на детските градинки во текот на 1998 г. работеле 232 забавишни групи, а при основните училишта 741, со вкупно 17.753 опфатени деца. Законската определба задолжителното основно образование да започнува со 6-годишна возраст се одразува и врз работата на забавиштата (в. Предучилишни установи; Предучилишно воспитание и образование во Македонија). За македонцките работи (К. П. Мисирков) ЛИТ.: К. Камберски, Од буквар до универзитет, Скопје, 1994. К. Камб.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *