ЕСТЕТИКАТА ВО МАКЕДОНИЈА

ЕСТЕТИКАТА ВО МАКЕДОНИЈА -. филозофска и културолошка дејност чии првични неинституционални форми се јавуваат во средновековното теолошко и книжевно творештво, во естетичките рефлексии на средновековната македонска уметност, македонското народно творештво, во периодот на македонскиот ⅩⅠⅩ в., особено преку идеите на Константин Миладинов и Григор Прличев, како и во периодот меѓу двете светски војни (Кочо Рацин и Никола Вапцаров). Во институционализирана форма, таа постои од создавањето на Филозофскиот факултет во Скопје и Катедрата (Институтот) по филозофија. За развојот на естетиката во Македонија од особено значење е назначувањето на хрватскиот филозоф Павао Вук-Павловиќ (в.) за професор на Филозофскиот факултет во Скопје кој предава естетика (1958–1965), развивајќи ја во духот на своевидна теорија на културата. Во 1959/60 ја оформува и Естетичката лабораторија (в.). Негов асистент и следбеник како професор по естетика е Георги Старделов (в.) кој се надоврзува на теоријата на творештвото на Вук-Павловиќ и најнап-И. Џепароски: „Уметничко дело” ред, во контекст на марксистичката естетика, а потоа сè поизразено во духот на херменевтиката ги поставува темелите на естетичката мисла во современа Македонија. Меѓу естетичарите од оваа генерација е и Димитар Димитров (в.) кој критички се однесува кон теоријата на активистичката уметност. Дејноста пак на Естетичката лабораторија претставува спроведување во дело на определени естетички концепции на тогашните идеи за поврзување на културата на трудот и отворената естетика. Кирил Темков (в.) ја раководи Естетичката лабораторија и теориски ја осмислува, а дејноста на Кица Барџиева-Колбе е фокусирана врз толкувањето на естетичката мисла на Теодор Адорно, основите на филозофијата на уметноста како и можностите и границите на естетиката, додека Иван (Ивица) Џепароски (в.) во естетиката се насочува кон прашањата на „уметничкото дело”, на „играта” и на „возвишеното” и се обидува да ги поврзе аналитичките пристапи со оние на континенталната естетика. Денко Скаловски, најмногу ги тематизира прашањата поврзани со естетиката на музиката, но и со односите помеѓу уметностите. Со воведувањето, пак, на насоката за естетика на постдипломските студии по филозофија, естетиката започнува да се изучува кај нас и во еден теориски пообемен контекст. ЛИТ.: Г. Старделов, Пролегомена за развитокот на естетиката и естетичките рефлексии кај Македонците, „Современост”, Скопје, 4, 1971, 289– 314. Ив. Ⅹ.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *