ЕПИГОНИ

ЕПИГОНИ – наследници на Александар Македонски, кои владеат со царството (281–221 г. од пр.н.е.). Епигоните се и потомците на Александровите војсководци – дијадосите, кои ја прифаќаат идејата за создавање одделни, независни држави на териториите освоени од Александар Македонски. Тие формираат три големи кралства: Птолемаидите во Египет со Птолемај Ⅱ, Селевкидите во Азија со Антиох Ⅰ и Антигонидите во Македонија со Антигон Гонат. ЛИТ.: Н. Г. Хаммонд анд Ф.Њ. Њалбанк, А Хисторѕ оф Мацедониа, вол. Ⅲ, Оџфорд, 1988. А. шук.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *