ЕПАФРОДИТ ФИЛИПЈАНЕЦ, СВ

ЕПАФРОДИТ ФИЛИПЈАНЕЦ, СВ. (втора пол. на Ⅰ в.) – македонски христијанин од Филипи, соработник на апостолот Павле и прв епископ на Филиписката црква – првата христијанска црква во Македонија и на европскиот континент. По него апостолот Павле го испратил своето библиско Послание до Филипјаните, напишано во Рим во 63 г. (Филип. 1, 1; 2, 25-30; 4, 15, 18). ЛИТ.: Ратомир Грозданоски, Послание на светиот апостол Павле до Римјаните, Скопје, 2005; Свето писмо на Стариот и на Новиот завет, Лондон, 1990; Ѓорѓи Поп-Атанасов, Библијата за Македонија и Македонците, Скопје, 1995. Рат. Гр. 1

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *