ЕЛА

ЕЛА -. (А. алба Милл., фам. Пинацеае) – големо иглолисно дрво од Средна и Јужна Европа. Има моноподијален раст со прешленовидно разгранување и мазна кора. Игловидните листови се кратки, на врвот засечени со две бели линии од гр-бот, спирално распоредени, расчешлани. Расплодните органи се реси, при што од женските се формира крупна, исправена шишарка со подолги стерилни лушпи од плодните. Гради чисти или мешовити насади по високите планини, претежно во Западна Македонија. Според поновите проучувања, македонската ела претставува преоден вид помеѓу европската (А. алба Милл.) и грчката ела (А. цепхалоница Лоуд.) и како таква е издвоена во посебен таксон (А. борисии регис Маттф. сѕн. А. алба Милл. вар. ацутифолиа Турр.). Ал. Анд. Борци на ЕЛАС

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *