ЕКОТОКСИКОЛОГИЈА

ЕКОТОКСИКОЛОГИЈА – гранка на токсикологијата што се занимава со токсичните ефекти предизвикани од загадената животна средина врз конституентите на екосистемите: животните (вклучувајќи ги и луѓето), растенијата и микроорганизмите, во еден интегрален контекст (Трухаут, 1969). Екотоксикологијата се смета за интеграција на екологијата и токсилогијата, или, според Цхапмен (2002), таа претставува екологија во присуство на токсиканти. Вака дефинирана, оваа научна дисциплина опфаќа цела низа научни истражувања од повеќе научноистражувачки тимови во Македонија при: Институтот за биологија на ПМФ, Хидробиолошкиот завод, Хигиенскиот завод, Земјоделскиот факултет, Ветеринарниот институт и др. Истражувањата од ваков вид се започнати кај нас кон крајот од 80

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *