ЕДИНСТВЕНИ СИНДИКАТИ НА МАКЕДОНИЈА

ЕДИНСТВЕНИ СИНДИКАТИ НА МАКЕДОНИЈА (Скопје, 10. Ⅰ 1945) – струкова организација на работниците во Македонија. Основана е со цел да се бори за подобрување на работните и животните услови на работниците, за унапредување на нивната социјално-здравствена заштита и за други работнички права. Функционирањето на еднопартискиот политички систем не допуштал синдикална независност, туку синдикатот бил составен дел на тој систем. По 1991 г. постојат независни синдикати по струки и дејности. ЛИТ.: Д-р Лазар Лазаров, Општественополитичките организации во обновата и изградбата на НР Македонија 1944-1948, Скопје, 1979; Д-р Новица Велјановски (со коавтори), Запознајте ја Македонија, Скопје, 2001. Н. В.