ДРУШТВО НА МАКЕДОНЦИТЕ

ДРУШТВО НА МАКЕДОНЦИТЕ (Цариград, 1918-1919) – друштво на Македонците во Цариград. Централниот комитет на Друштвото (18. Ⅰ 1919) испратил Мемоар до Мировната конференција во кој, по укажувањето на жалната положба на Македонија со повоената поделба, од Мировната конференција барал нејзино ослободување и обединување во независна држава, со центар во Солун. ЛИТ.: Международните конгреси и македонския въпросъ, София, 1922; М. Миноски, Федератината идеја во македонската политичка мисла, Скопје, 1985. М. Мин.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *