ДРАМСКО ВОСТАНИЕ

ДРАМСКО ВОСТАНИЕ (1941) востание против бугарската власт организирано од КПГ. Започнало на 28–29 септември 1941 г. (под раководство на Окружниот комитет за Драмско) со напад на партизанските единици од Просочен врз општината, полициската станица и касарната. Востанието се проширило во Доксат, Карликово, Чали, Силиндрук и во др. места. Бугарските власти го задушиле востанието при што биле убиени ок. 3.000 души. ЛИТ.: Хр. Андоновски, Македонците под Грција во борбата против фашизмот (1940–1944), Скопје, 1968. Ст. Кис.