ДНЕВНИК

„ДНЕВНИК“ -. прв независен дневен информативен весник во РМ што ја означува новата демократска етапа во развојот на македонскиот печат. Првиот број излегол на 20 март 1996 г. Основачи: Миле Јовановски, Бранко Героски, Александар Дамовски. Издавач: „Круг” д.о.о. Скопје. Во септември 2003 г. мнозинскиот удел на сопственоста го откупил германскиот издавачки концерн ВАЦ. Прв главен и одговорен уредник е Бранко Геровски, потоа Катерина Блажевска. Подолг период најтиражен македонски весник. Б. П. Ѓ.

Напишете коментар