ДИНЕВ, Ангел

ДИНЕВ, Ангел (с. Смоквица, Гевгелиско, 1. Х 1891 – Скопје, 17. Ⅱ 1952) – македонски културно-национален деец, револуционер, публицист и општественик. Ангел Динев По завршувањето на основното училиште во селото, слугува како овчар, а во црквата учествува како псалт. Кон крајот на 1909 г. се вработува во Егзархиската митрополија во Солун, се самообразува и влегува во Ученичкиот револуционерен кружок. Се вклучува во четата на војводата Коста Попето како секретар, а наскоро станува и член на Околискиот комитет на МРО (1911–1912) и учествува во Балканските (1912–1913) и во Првата светска војна (1915– 1918). Од 1921 г. се префрла во Софија, првин како писар во Министерството за финансии, потоа како контролор на трамваите, а од следната година ја започнува својата новинарско-публицистичка дејност: соработува во весниците „ИлинденÝ”, „Емигрант-ска мисълÝ”, „Пиринъ” и „20 •лий” (1922–1924), па објавува и посебни публикации од областа на поновата македонска историја. Станува раководител на Гевгелиското братство (1927–1947) и работи како писар во Минис-А. Динев, „Македонските Словени” (1938) терството за земјоделство (1928 –1942). Го издава најзначајното македонско периодично издание во периодот меѓу двете светски војни „Македонски вести” (24. Ⅰ 1935 – 12. Х 1936) што (првин неделно списание, а потоа весник) како неофицијален орган на ВМРО(Об) ја афирмира културно-националната историја, особено од илинденскиот период, и ја развива македонската национална свест, литература, наука и култура. При Редакцијата е формиран Македонскиот литературен кружок (2. Ⅷ 1936), се иницира Македонски народен театар, почнува да излегува, во продолженија, неговата брошура „Македонските Словени” и е најавено печатење на монографијата „Илинденската епопеја”, но весникот е забранет. Брошурата во целост сепаратно е објавена по две години, а првиот дел од монографијата дури во 1945 г. Неколку пати е интерниран во разни логори (1940 –1944). Особено голема активност пројавува по превратот во Бугарија (9. IX 1944). Го раководи Сојузот на македонските доброволечки друштва во Софија и го редактира неговиот орган „Доброволец” (1944–1946), а ја објавува и брошурата „Етнографската идеја на македонските Словени” (1944). Развива широка општествено-политичка дејност сред Македонците во Бугарија. Но кога по ⅩⅤⅠ пленум на БКП (13. Ⅶ 1948) е укината културната автономија на Пиринска Македонија, Динев праќа протестно писмо до ЦК на БКП и на 20. Ⅷ 1948 г. илегално ја напушта Бугарија. Во Скопје станува стручен соработник во новооснованиот Институт за национална историја. БИБ. иЛИТ.: Движението, София, 1924; Кресненското възстане, София, 1926; История на гръцко-турския съ• зъ противъ ВМОРО, София, 1929; Хуриета и постхуриетскит‹ борби въ Гевгелийско, София, 1934; Македонскит‹ славяни, София, 1938; Етнографската идея на македонскит‹ славяни, София, 1944; Илинденската епопеа, София, 1945; Илинденската епопеја, Ⅱ, Скопје, 1949; Политичките убиства во Бугарија, Скопје, 1951; Одбрани дела во три книги. Избор и редакција д-р Владимир Картов, Скопје, 1983; Блаже Ристовски, Портрети и процеси од македонската литературна и национална историја, Ⅲ, Скопје, 1990, 346–532. Бл. Р.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *