ДЕЦАТА БЕГАЛЦИ

ДЕЦАТА БЕГАЛЦИ (1948) – со спогодбата помеѓу Привремената демократска влада на Грција и источноевропските земји (март–април 1948) биле евакуирани 28.000 македонски и грчки деца (на возраст од 1 до 15 години) во Југославија 11.000, Романија 5.000, Чехословачка 3.000, Полска 2.500, Унгарија 2.800, Бугарија 2.500 и во Источна Германија 1.120 деца. Во тие земји за потребите на 10.000 македонски деца биле отворени македонски училишта (со учебници и литература) и добивале пошироки знаења за македонската историја. Биле издавани и весници на македонски јазик. На костурско-лерински дијалект и со кирилската азбука биле публикувани книги и романи. Како возрасни и образовани, поголемиот дел од нив се вратиле во СРМ. Со евакуација на децата КПГ сакала да создаде, да обезбеди и да воспита кадар за пролетерска револуција во Грција. ЛИТ.: Стојан Киселиновски, Етничките промени во Македонија (1913–1995), Скопје, 2000; Р. Кирјазовски, Народноослободителниот фронт и другите организации на Македонците од Егејска Македонија (1945–1949), Скопје, 1985. Ст. Кис.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *