ДЕНАР

ДЕНАР – парична единица во Стариот Рим (искован првпат во 268 г. пр.н.е.), денес во РМ, слична и во други делови на светот (Србија, Иран, Ирак, Јордан, Кувајт и др.). Во средниот век бил парична база во повеќе германски, италијански и словенски држави. Во ⅩⅠⅩ в. бил платежно средство во Србија (динар), а во ⅩⅩ в. и во Југославија. Во Република Македонијапрвите денари (апоени од 10 денари) се отпечатени во јануари 1992 г., во прилепската печатница „11 Октомври”. Официјално е воведен во употреба на 26. Ⅳ 1992 г. (Велигден), во времето на премиерот Никола Кљусев (промовиран од собраниската говорница) и гувернерот Борко Станоевски. ЛИТ.: Македонските банкноти и ковани пари (1992–2002), Скопје, 2002. Б. Петр. Римски републикански денар, аверс/реверс