ДАЈРЕ

ДАЈРЕ – . народен музички мембранофон инструмент од кружен дрвен обрач на кој од едната страна е затегната кожа, а на неколку места на обрачот се прикачени по две тркалезни метални плочки што ѕвечат при удирањето и тресењето. Кај муслиманите, претежно, го употребуваат жените како придружник на песните, а кај Македонците христијани најприсутно било во чалгиските состави. ЛИТ.: Д-р Александар Линин, Народните музички инструменти во Македонија, Скопје, 1986, 34. Ѓ. М. Ѓ. ДАКИЈА, СРЕДОЗЕМНА – доцноримска провинција со седиште во Сердика (Софија) во рамките на диоцезата Дакија. Заземала голем дел од територијата на денешна Североисточна Македонија, Југоисточна Србија и Северозападна Бугарија, односно муниципалните територии на градовите: Сердика (Софија), Наис (Ниш), Пауталија (ќустендил), Ремесијана (Бела Паланка), Германија (Сапаревска Бања), како и подрачјата на денешните градови Кратово, Кочани, Делчево, Берово, Пирот и Благоевград. Југозападната провинциска граница на подрачјето на Република Македонијасе протегала на линијата меѓу градовите Баргала (Козјак) и претпоставената Запара (Крупиште) на Брегалница и непознатиот град на Големо Градиште, кај село Коњух на Крива Река. Во согласност со Новелата XI, царот Јустинијан во 535 г. н.е. ја оформил архиепископијата Јустинијана Прва, под чија јурисдикција влегувале и подрачјата на епископииите од провинциите на самата Средоземна Дакија, потоа Крајбрежна Дакија, Мезија Втора, Дарданија, Превалитана, Македонија Втора и дел од Панонија Втора.ЛИТ.: Т. Иванов, Дациа Медитерранеа, Табула Империи Романи, К34, Лјублјана, 1976. В. Л.