ГЛАС НА ЕГЕЈЦИТЕ

ГЛАС НА ЕГЕЈЦИТЕ“ (Скопје, 1950) – весник, орган на Здружението на бегалците од Егејска Македонија, а потоа орган на Здружението на Македонците од Егејскиот дел на Македонија од Скопје (од г. ИВ, бр. 37, 1953). Излегувал двапати месечно, во формат 45 х 34 цм, а главен и одговорен уредник бил подоцнежниот етнограф Тодор Симовски. Третирал прашања од минатото на Егејскиот дел на Македонија, посебно Граѓанската војна во Грција, судбината на нивните сограѓани и современата реалност во која се нашле бегалците. ЛИТ.: Д-р Боро Мокров – М-р Томе Груевски, Преглед на македонскиот печат (1885-1992), Скопје, 1993, 286. С. Мл. „ГЛАСÎ на Македонский таенъ револÓционенъ комитетъ” (Женева, швајцарија, јули 1898) – орган на Македонскиот таен ревоВештачкото езеро „Глажња“, Кумановско луционерен комитет, во почетокот составен само од студенти анархисти од Бугарија, кон кои потоа се приклучуваат и Македонци. Излегува само првиот број, на бугарски јазик. Главниот редактор (М. Герџиков) не е одбележан. Како извесно продолжение во истата година во Женева излегува и единствениот број на весникот „Отмšçение, органъ на Македонскит‹ револÓционери терористи”, подготвен од истата група и, исто така, на бугарски јазик. Основната концепција на Комитетот е анархистичка, за автономија на Македонија во Балканска конфедерација, но со бугарски народ во неа. ЛИТ.: Данчо Зографски, Македонскиот таен револуционерен комитет и „Отм’штение”, ИНИ, Скопје, 1954. Бл. Р.