Ops! You don't have any menu or widget in Off-canvas. Please add some menu in Off-canvas menu position or add some widget in Off-canvas widget position for view them here.

ГЕОРГИЕВ-ТОМОВИЧИН, Стојан

ГЕОРГИЕВ-ТОМОВИЧИН, Стојан

ГЕОРГИЕВ-ТОМОВИЧИН, Стојан (Петрич, 18. Ⅲ 1938) – национален деец во Пиринскиот дел на Македонија, прв претседател на ОМО-Илинден. Иако апсен и осудуван од бугарските власти (по 1956), ја продолжувал нелегалната национална дејност. По пристапувањето во тајната Независна македонска организација – Илинден (1970) бил активист во Гоцеделчевско, Петричко, Разлошко и Санданско. По откривањето на Организацијата (XI 1973), на голем судски процес (јуни 1974) бил осуден. По политичките промени и воспоставувањето парламентарен систем во Бугарија (1989), зел активно учество при формирањето на Обединетите македонски организации (ОМО) – Илинден. На конститутивното собрание (14. Ⅳ 1990) бил избран за претседател. Во тоа својство бил член на Семакедонската делегација што зела учество на Конференцијата за човековата димензија при Конференцијата за европска безбедност и соработка (КЕБС), одржана во Копенхаген (10–17. Ⅵ 1990). Учествувал во сите национални манифестации на Македонците од и во Пиринскиот дел на Македонија. БИБ.: Стојан Георгиев Томовичин, Македонија над сè, Битола, 1990. В. Јот. ГЕОРГИЕВ-ТУРНОВСКИ, Ма-нуш (с. Турново, Струмичко, 10. Ⅷ 1881 – с. Долна Рибница, Петричко, 7/20. Ⅱ 1908) – учител, околиски војвода во Петрич, заменик окружен војвода на Струмичкиот револуционерен округ. Завршил прогимназија во Струмица, педагошка школа во Сер. Станал нелегален (1903) учесник на Струмичкиот окружен конгрес (1905) и на Рилскиот конгрес (1905). Загинал со целата чета (24 души) по жестока борба со османлиската војска во с. Долна Рибница, Петричко. ЛИТ.: „Ил. Илинденъ“, Ⅱ, 2 (12), София, 1929. В. Ѓ.


Leave a Reply

Your email address will not be published.