ВТОРИ АВГУСТ

ВТОРИ АВГУСТ (1903-1944) – државен празник на РМ. На 2 ав-густ 1903 г. започнало сенародното оружено востание, организирано и предводено од Македонската револуционерна организација под девизата „Македонија на Македонците”. Во ослободеното Крушево било објавено создавање Крушевска Република. Македонскиот народ ја демонстрирал својата одлучност да се избори за слобода и за државност. На 2 август 1944 г. се конституира држава – Демократска Македонија. АСНОМ се прогласил за врховно законодавно и извршно претставничко тело и за највисок орган на државната власт, се усвоила Декларација за правата на граѓаните во Демократска Федерална Македонија, а македонскиот јазик бил официјализиран како службен јазик во македонската држава. Ентериерот во спомен-обележјето Македониум во Крушево ЛИТ.: Документи за борбата на македонскиот народ за самостојност и за национална држава, Ⅱ, Скопје, 1981. М. Мин.