ВТОРА МАКЕДОНСКО-РИМСКА ВОЈНА

ВТОРА МАКЕДОНСКО-РИМСКА ВОЈНА (200–197 г. пр.н.е.) – војна на македонскиот крал Филип Ⅴ (221–179 г.) против Римската Република. Во сојуз со Рим влегуваат: Родос, Пергам, Атина, Илирите, Дарданците и хеленските држави. Сојузените војски ја освојуваат Антипатрија во 200 г. пр.н.е. и се обидуваат да навлезат во Македонија. Во првите години на војната Филип Ⅴ успешно се спротивставува на Римјаните и обезбедува цврста позиција на р. Аос. До решавачка битка меѓу македонската и римската војска доаѓа во јуни 197 г. пр.н.е. кај Киноскефала во која македонската фаланга и покрај почетните успеси е целосно разбиена. Македонците имаат големи загуби: загинуваат 8.000 војници, а 5.000 се заробени. Филип Ⅴ го напушта боиштето, а при повлекувањето ја пали кралската архива во Лариса, пред таа да падне в раце на Римјаните, при што се спасуваат државните документи. Во Темпа се склучува примирје и ФилипⅤсе повлекува во Македонија. ЛИТ.: Полѕбиус, Тхе Хисториес, Харвард Университѕ Пресс, 1960; Тити Ливѕ, Аб урбе цондита, Липсиае, 1906; Историја на македонскиот народ 1, Скопје, 2000. А. шук.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.