ВОСТАНИК

„ВОСТАНИК“ (Тетово, декември 1942 – февруари 1943) – неделен илегален весник, орган на Окружниот комитет на КПЈ за територијата на Македонија под италијанска окупација, на македонски јазик. Бил печатен на партиската техника на Окружниот комитет на КПЈ и растуран во Западна Македонија под италијанска окупација. Содржините се во функција на мобилизација на членството и населението во НОБ. Прв ја објавил веста за Првото заседание на АВНОЈ (бр. 2 од 24. Ⅻ 1942). Излегувал со прекини. Сочувани се само првите три броја. ЛИТ.: Д-р Боро Мокров – М-р Томе Груевски, Преглед на македонскиот печат (1885-1992), Скопје, 1993, 119. С. Мл.

2019-01-05T19:45:13+01:00 0 коментари