ВОДНО

ВОДНО – средновисока планина што се протега во средишниот дел на Скопската Котлина. Се протега во напореднички правец запад – исток, а највисок врв е Крстовар (1.066 м), на кој се наоѓа и планинарски дом. Водно ја дели Скопската Котлина на два дела. На север од Водно е Скопско Поле или вистинската Скопска Котлина, а на југ се протега басенот на Маркова Река. За време на неогенот егзистирало Скопското Езеро кое оставило траги во вид на фосилни абразивни тераси на кои се акумулирани неогени седименти. Кај с. Нерези во неогените езерски седименти е пронајдена доста добро зачувана вилица од мастодонт, која е определена дека му припаѓа на миоценот. На северните падини на Водно се наоѓаат и неколку видиковци од каде што има прекрасен поглед кон Скопје и Скопската Котлина. Т. Анд. Приказ на Маркови Кули, градиште-кастел с. Летевци, од римското и доцноантичкото време

Напишете коментар