ВОДЕН СООБРАЌАЈ ВО МАКЕДОНИЈА – вид сообраќај, погоден за транспорт на стока, бил застапен кај нас во вид на сплаварење по реките, претежно за транспорт на дрва од шумите, како и на Охридското и Преспанското Езеро, главно за туристички цели. Повеќе од 150 години е стара идејата да се изгради пловен пат Дунав – Егејско Море, долг 700 км, што би минувал низ Велика и Јужна Морава (Србија), Пчиња и Вардар, со кој би се скусил патот преку Црно Море за повеќе од 1.000 км. Од експерти на ООН чинењето на пловниот пат во 1973 г. било проценето на милијарда американски долари, но објектите би служеле и за други намени (заштита од поплави, енергетика). Љ. Т. ВОДЕНСКА ДЕКЛАРАЦИЈА