ВАРДАРСКИ РИД, ГЕВГЕЛИЈА

ВАРДАРСКИ РИД, ГЕВГЕЛИЈА – повеќеслојна населба со континуиран живот од крајот на бронзеното време и во текот на целиот Ⅰ милениум пр.н.е. Се наоѓа на источната периферија на Гевгелија, на два доминантни рида (Рид 1 и 2) на самиот десен брег на р. Вардар. Систематски се истражува од 1995 до 2007 г., на секторите Акропола, Јужна и Источна Тераса. Во генералната стратиграфија се издвојуваат 15 слое-ви од вкупно 6 различни населби. Првата населба (Вардарски Рид 1) подразбира само одделни неолитски наоди, инцидентно откривани на најниската јужна тераса. Втората населба (Вардарски Рид Од откриениот дел на населбата Вардарски Рид, Гевгелиско 2) претставува мала населба од крајот на бронзеното време, ограничена на јужните падини на Ридот 1, како и одделни погребувања (згрчени инхумации) на спротивната, западна страна од ридот. Третата и четвртата населба го покриваат железното време, низ вкупно 7 културни слоеви (од Ⅹ доⅤв. пр.н.е.), непосредно поврзани со неколкуте некрополи во околината на Вардарски Рид, како: Сува Река, Милци, Раул. Петтата населба подразбира почеток на урбанизација, раноантичка архитектура и материјална култура наⅤи Ⅳ в. пр.н.е. шестата населба се развивала низ 4 културни слое-ви или обнови, главно во текот на Ⅲ и Ⅱ в. пр.н.е., со продолжен живот на Источната тераса до Ⅰ в. Меѓу најзначајните градби откриени на Вардарски Рид се издвојува т.н. Градска Стоа од петтата населба (одⅤи Ⅳ в. пр.н.е.). Најбројни се градбите од последната Ⅵ населба (делови од внатрешниот бедем со кула, металуршки, занаетчиски работилници, дуќани, улици, станбени објекти и др.). Особено треба да се издвои т.н. Куќа на колекционерот (од Ⅱ в. пр.н.е.) што се карактеризира со богат инвентар на наоди од различни периоди од Ⅶ до Ⅱ в. пр.н.е. Покрај големиот број монети од сите македонски владетели (повеќе од 500 парчиња), меѓу движните наоди посебно треба да се издвои една остава од 51 сребрена тетрадрахма од Александар Ⅲ, Касандар, Лизимах и Селеук И, која го одбележува крајот на животот во петтата населба, најверојатно уништена од Келтите во 279 г. пр.н.е. ЛИТ.: Д. Митревски, Старомакедонскиот град на Вардарски Рид, Скопје, 2001; група автори, Вардарски Рид, 1, Скопје, 2005. Др. М.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.