БУШЕВА ПЛАНИНА

БУШЕВА ПЛАНИНА – средновисока планина што се протега помеѓу долината на Треска на север, превојот Барбарас (864 м) на си, Прилепско Поле на исток, Црна Река на југ и реката Жаба на запад. Зафаќа површина од 325 2 км . Највисок врв е Стара Мусица (1.788 м). На главното планинско било кое се протега во правец јз–си се издигаат уште 10 врвови повисоки од 1.500 м. На запад Бушева Планина морфолошки е тесно поврзана со пониските планини Баба Сач и Лубен. Доста е пошумена со листопадни – букови, а на места и со зимзелени дрвја. На оваа планина се наоѓа единствениот планински град во Република Македонија – Крушево. Т. Анд. Андре Вајан

2019-01-05T19:41:24+01:00 0 коментари