//БУГАРСКАТА КОМУНИСТИЧКА ПАРТИЈА И МАКЕДОНСКОТО НАЦИОНАЛНО ПРАШАЊЕ

БУГАРСКАТА КОМУНИСТИЧКА ПАРТИЈА И МАКЕДОНСКОТО НАЦИОНАЛНО ПРАШАЊЕ

БУГАРСКАТА КОМУНИСТИЧКА ПАРТИЈА И МАКЕДОНСКОТО НАЦИОНАЛНО ПРАШАЊЕ (1919–1989). Во својот социјалдемократски период БКП македонскиот народ го сметала за бугарско население, а Македонија за бугарска земја. Исклучок бил нејзиниот лидер Димитар Благоев (по потекло Македонец), кој во 1917 г. во бугарскиот парламент говорел дека војните што Бугарија ги водела за Македонија биле завојувачки и побарал Македонија да се оформи како посебна држава. Од 1919 г. како БКП настапувала со декларативната парола за ослободување на Македонија во „Балканска Федерација“. Во 1924 г. била критикувана од Комитерната за ставот спрема македонското прашање, дека не требало да се гледа како на резерва на пролетерската револуција, туку како нејзин составен дел. Во 1926 г. на Ⅶ конференција на БКФ во Москва БКП јавно ја признала грешката што македонското прашање го третирала како бугарско прашање, а не како македонско – од позиција на македонската нација. Во 1928 г. на Ⅱ проширен пленум усвоила резолуција за постоењето на македонската нација и дека македонскиот народ во Пиринскиот дел на Македонија е национално поробен и изложен на национална асимилација. Ја издига паролата за правото на Македонците на самоопределување и создавање на независна Македонија. Во 1937 г. го потврдила ставот за правото на „братскиот македонски народ“ во сите делови на поделена Македонија на самоопределување до отцепување во посебна држава. Во Втората светска војна БКП отстапила од тие ставови. Бугарската фашистичката окупација на Македонија ја прогласила за ослободителна и се обидела да ја приклучи македонската партиска организација. По капитулацијата на фашистичкиот режим и преземањето на власта и по конституирањето на македонската национална држава во Вардарскиот дел на Македонија како федерална единица на Федеративна Југославија, го изменила ставот и македонската држава ја прогласила за чекор за обединување на македонскиот народ. По Резолуцијата на ИБ против Југославија БКП пак се вратила на старите големобугарски позиции. И по нормализирањето на односите продолжила со истата политика – с” до крајот на нејзиното опстојување под името БКП. ЛИТ.: БКП, Комитернът и македонски®т въпрос, Софи® 1998 и 1999; Од признавање до негирање (Бугарски ставови за македонското прашање) – Статии–говори–документи. Избор и редакција Ванѓа и Коле Чашуле, Скопје, 1970; Лазар Мојсов, БРП и Македонското национално прашање, Скопје, 1978. О. Ив.

2019-01-05T19:41:21+01:00 0 коментари