БРИТАНСКО-МАКЕДОНСКИ ВРСКИ И ОДНОСИ

БРИТАНСКО-МАКЕДОНСКИ ВРСКИ И ОДНОСИ. Почеток на политичките односи е првата британска мисија на овој простор – генерален конзулат во Солун (1715). Следуваат вицеконзулати во Серез (1934), Битола (1851), Кавала (1857) и Скопје (1883). Британија учествува во разврската на Источната криза (1875–1878). Слоганот на македонската ослободителна борбаМакедонија на Македонците” прв пат е употребен во писмо до друштвото „Бајрон” од британскиот премиер Вилијам Гледстон на 19. Ⅰ 1897 г. Официјална британска позиција на Париската конференција (1919) е признавање на територијалната поделба на Македонија. Во Втората светска војна кај Гш на НОВ и ПОМ се акредитирани неколку британски воени мисии (1943–1945). Претставник на британската воена мисија држи говор на Првото и на Второто заседание на АСНОМ како де фацто признавање на новосоздадената македонска држава. Во јуни 1945 г. е отворен конзулат во Скопје што работи до 1957 г. Велика Британија ја признава РМ на 8. Ⅳ 1993 г. Официјални дипломатски односи меѓу Кралството Велика Британија и Северна Ирска и РМ се воспоставуваат на 16. Ⅻ 1993 г. Прв вонреден и ополномоштен амбасадор на Обединетото Кралство во РМ е Тони Милсон (Тонѕ Миллсон). Прв вонреден и ополномоштен амбасадор на РМ во Обединетото Кралство е Ристо Никовски. ИЗВ.: Британски документи за историјата на македонскиот народ, т. 1, 1797& 1839, т. 2, 1840&1847, т. 3, 1848&1856, т. 4, 1857&1885, т. 5, 1886&1900, Скопје, 1968, 1977, 1982, 2003, 2005. ЛИТ.: Виктор Габер, За македонската дипломатија, Скопје, 2002. Т. Петр.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.