БРАТСТВО

„БРАТСТВО“ (Тетово, 17–23. Ⅷ 1942) – весник, орган на Окружниот комитет на КПЈ, на македонски јазик. Го уредувал Крсте Црвенковски, а бил растуран и во Гостивар, Кичево и Дебар. Објавени се два броја, умножени на окружната партиска техника. Во уводниот напис, меѓу другото, се вели дека весникот „треба да е расклинка целокупната лажна фашистичка пропаганда и да му се на народо кажи правината за положението во свето и за борбата на поробените. Нашата новина треба да стани гласило на вистината и борбен повик.“ ЛИТ.: Д-р Боро Мокров, Развојот на македонскиот печат и новинарство (од првите почетоци до 1945 година), Скопје, „Братство”, орган на ОК на КПЈ (Тетово, 1942) 1980, 416-417; Д-р Боро Мокров – М-р Томе Груевски, Преглед на македонскиот печат (1885-1992), Скопје, 1993, 118. С. Мл.

2019-01-05T19:41:19+01:00 0 коментари