БОЖИДАРСКИ, П

БОЖИДАРСКИ, П. – член на Македонската колонија во Петроград (Русија) и на Редакциониот совет на „Македонский голосъ (Македонски глас)“, потписник на два официјални акта (13. Ⅷ 1914) и автор на патриотски стихови на руски јазик за Македонија и Македонците („Македонский голосъ / Македонски глас“), 27. Ⅵ и 22. Ⅻ 1913 и 2. Ⅲ и 20. XI 1914; „Славянинъ“, 23. Ⅵ и 29. Ⅵ 1913). ЛИТ.: Блаже Ристовски, Димитрија Чуповски (1878–1940) и Македонското научно-литературно другарство во Петроград, И, Скопје, 1978, 203–219, 372–376 и 399–406. Бл. Р.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.