БЛИЗНАКОВ, Атанас

БЛИЗНАКОВ, Атанас (с. Д’мбени, Костурско, 15. Ⅻ 1901 – Скопје, 1998) – македонски иселеник во САД и повратник, основач на Фондацијата „Атанас Близнаков” при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј”. Како емигринт во САД (1920) и работник во Гери (Индијана), бил активен член на МАНС, основач на спомагателните друштва „Александар Македонски” и „Лазар Поптрајков” и еден од главните иницијатори за изградба на првата македонска православна црква во Гери. Се збогатил преку берзанска трговија со акции. Бил претседател на Болничкиот комитет во Гери за собирање парични средства за изградба на Државната болница во Скопје. Во 1976 г. со сопругата се преселил во Скопје, (1976) и заедно со неа, со дел од стекнатиот капитал (800.000 долари) ја основал Фондацијата „Атанас Близнаков” за стипендирање надарени студенти (1977). БИБ.: Д’мбени и револуционерното минато на Костурско, Скопје, 1982; Спомени за национално-политичката и културната дејност на Македонците во САД и Канада, Скопје, 1985.ЛИТ.: Тале Сотировски, Бизнисот не познава старост. Атанас Близнаков, човек кој и во 92-та година активно учествува во вртењето на својот капитал, но им помага и на студентите, „Вечер”, ЏЏЏИИ, 9456, Скопје, 8 и 9. Ⅰ 1994, 9-10. С. Мл. Стефан Бобев

2019-01-05T19:41:11+00:00 0 коментари