БИТКАТА КАЈ АДРИЈАНОПОЛ

БИТКАТА КАЈ АДРИЈАНОПОЛ (14. Ⅳ 1205) – помеѓу Латините и Бугарите, помогнати од кумански одреди. Куманите го нападнале логорот на Латините кај Адријанопол и преправајќи се дека бегаат, ја намамиле латинската војска во заседа. Латините претрпеле страшен пораз. На бојното поле останале голем број рицари и барони, а царот Балдуин Ⅰ бил заробен и одведен во Трново. Битката кај Граник (334 пр.н.е.)