БИТКАТА ЗА ЛЕРИН

БИТКАТА ЗА ЛЕРИН (1949) – една од најжестоките битки меѓу единиците на ДАГ и владината армија. На 12 февруари 1949 г. единиците на ДАГ го нападнале гр. Лерин. Во оваа битка учествувале 18., 14. и 107. бригада на ДАГ, во кои ок. 70% од војниците биле Македонци. По големите човечки загуби (1.200 убиени), единиците на ДАГ се повлекле во регионот на Преспа. Битката во Лерин (по битките на Вичо и Грамос), била една од најкрвавите битки во Граѓанската војна во Грција. ЛИТ.: д-р Р. Кирјазовски, Народноослободителниот фронт и другите организации на Македонците од Егејска Македонија 1945–1949, Скопје, 1985. Ст. Кис.

2019-01-05T19:38:53+00:00 0 коментари