БАРБИС, Анри

БАРБИС, Анри (Хенри Барбуссе) (Париз, 17. Ⅴ 1873 – Москва, 30. Ⅷ 1935) – француски писател и општественик, што се залагал за заштита од тероризирање на македонското население. Ја придруа во Првата светска војна бил и на Македонскиот (Солунски) фронт. Автор е на антивоениот роман „Оган“ (1916). Како член на Комунистичката партија на Франција (1923), бил претседател на Светскиот комитет против фашизмот и војната и претседател на Комитетот за одбрана на жртвите од белиот терор на Балканот, со седиште во Париз. Се пројавил како голем пријател на македонскиот народ. Меѓу другото, учествувал во анкетата за теророт од ванчомихајловистите и заедно со други интелектуалци испратил протестна телеграма до бугарската влада (1925). Во неговата книга „Лес боурауџ“ („Палачите“, Париз, 1926) го осудил теророт на бугарската влада на Александар Цанков во Пиринскиот дел на Македонија. Како редактор на в. „Монд“, меѓу другото, напишал: „Македонците, коишто имаат свој автентичен посебен јазик и своја непобитна етничка оригиналност, го немаат дури ни правото да се нарекуваат Македонци. Нам ни припаѓа правото јасно и високо да протестираме против поробувањето и угнетувањето на еден народ“ (јуни 1930). ЛИТ.: Тошо Поповски, СуÚење петнаесторици комуниста, „Комунист“, ⅩⅤⅠⅠⅠ, 89, Београд, 8. Ⅰ 1959, 7; Ѓурѓевка Доневска-Тренчевска, Во служба на белиот терор, „Македонско време“, Ⅱ, 14, Скопје, октомври 1995, 17-18. С. Мл.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.