БАЛИСТИ

БАЛИСТИ – припадници на албанското националистичко и профашистичко движење, организирани во националниот фронт „Бали комбетар“. Дејствувале за создавање на Голема Албанија. Го сочинувале оружениот дел на организацијата и биле испраќани директно во судир со партизанските единици во Македонија, Србија и Црна Гора. Особено жестоко се пресметувале со припадниците на НОВ од Западна Македонија, вршејќи убиства, терор и пљачкосување на македонското и на другото неалбанско население. ЛИТ.: Ѓорѓи Малковски, Балисти, Скопје, 2002; истиот, Политичките партии и организации во Македонија во Втората светска војна 1941–1944, Скопје. Ѓ. Малк. В. „Балкан”, неофицијален орган на МНЛД (Софија, 1903)

2019-01-05T19:38:43+00:00 0 коментари