АРСОВ, Ташко

АРСОВ, Ташко (Охрид, 1882 – Охрид, 1950) – крушевски и демирхисарски војвода. Член на ТМОРО од 1900 г. Од 1901 г. бил во четата на Н. Русински и во други чети. Бил избран за крушевски (1905), а потоа за демирхисарски војвода (1905–1907). Во текот на 1907 г. заминал на печалба во САД, но по Младотурската револуција се вратил во Македонија. ИЗВ.: ЦДА, ф.: 1075, оп. 1, а.е. 29, л. 56; Ташко Арсов, Записки. Редакција, коментар и предговор на Х.А.-Полјански, Скопје, 1983. Ал. Тр. Тодор Арсов

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.