//АПОСТОЛ ПАВЛЕ ВО МАКЕДОНИЈА

АПОСТОЛ ПАВЛЕ ВО МАКЕДОНИЈА

АПОСТОЛ ПАВЛЕ ВО МАКЕДОНИЈА (49, 56 – 57 год.) – еден од Апостолите на Христос, христијански мисионер. Во Македонија дошол да го пренесе христијанското учење во Европа. Првата христијанска проповед ја одржал пред ѕидините на македонскиот град Филипи. Тука ја основал првата христијанска заедница, а со тоа и прва во Европа. Проповеди држел во Амфипол, Аполонија и Тесалоника. Населението масовно го прифаќало христијанството. Прогонуван од еврејската заедница, заминал од Тесалоника и Бероја. Успеал во Македонија да го прошири христијанството и да формира христијански заедници. Повторно се вратил во 56 и 57 год. во веќе организираните цркви во Филипи и Тесалоника. Св. Апостол Павле, икона во црквата „Св. Ѓорѓи” во Струга (ⅩⅤ в.) ИЗВ.: Свето Писмо на Стариот и на Новиот завет, второ издание, Скопје, 1991. ЛИТ.: Ѓ. Поп-Атанасов, Библијата за Македонија и за Македонците, Скопје, 1995; Историја на македонскиот народ, И, Скопје, 2000. И. Велев, Византиско-македонски книжевни врски, Скопје, 2005. А. шук. Александар Апостолов

2019-01-05T18:11:46+00:00 0 коментари