//АПОСТОЛОВ-ГРАНИТИ, Михали

АПОСТОЛОВ-ГРАНИТИ, Михали

АПОСТОЛОВ-ГРАНИТИ, Михали (с. Крчишта, Костурско, 25. XI 1923 – пл. Грамос, 31. Ⅲ 1948) – национален деец и борец во Егејскиот дел на Македонија. Бил учесник во ЕЛАС (од почетокот на 1943), борец на НОПО „Лазо Трповски”, политички комесар на чета на Костурскиот македонски НО баталјон, командир на вод во Костурсколеринскиот македонски НО баталјон „Гоче”, член на штабот на ДАГ за Вичо (ноември 1946) и политички комесар на баталјон на ДАГ, на која должност и загинал. ИЗВ.: Егејска Македонија во НОБ 1944‡ 1945, И, Скопје, 1971.ЛИТ.: Христо Андоновски, Македонците под Грција во борбата против фашизмот (1940-1944), Скопје, 1968; Ташко Мамуровски, Светли ликови од Егејска Македонија (1945-1949), Скопје, 1987, 90-97. С. Мл. АПОСТОЛОВ-МАТОВ, Кочо

2019-01-05T18:11:46+01:00 0 коментари