АНТИЧКА МАКЕДОНИЈА – (со области: Пиерија, Ботиаја, Алмопија, Амфакситида, Мигдонија, Анатемунт, Ботика, Крусида, Бисалтија, Крестонија, Пиерија, Едонида, Еордаја, Тимфаја, Параваја, Дасаретида, Орестида, Линкестида, Пелагонија, Дериоп, Пајонија, Парорбелија, Синтика и Одомантика) – го опфаќа североисточниот дел на Балканскиот Полуостров: на север од хеленската област Тесалија, со која се граничи со р. Пенеиос (Пенча), пл. Олимп и пл. Пинд; западната граница е шарпланинскиот масив; северната граница се движи од пл. Јакупица, по долината на р. Пчиња и Осоговските Планини сћ до пл. Рила, а на исток по источните падини на Пирин Планина до утоката на Места. Оваа географска определба ја претставува државната граница на Античка Македонија. Првите записи за историјата на Македонија се содржат во Хомеровата епопеја „Илијада” („криволаките Пајонци” од широкиот Аксиј, и најстарите топоними – Пиерија и Ематија). Според митопејата, земјата е наречена Македонија по Македон, син на Ѕевс и на Тија, ќерка на Девкалион (Хесиод). Етимологијата на името Античка Македонија Македонија не е потврдена, најверојатно потекнува од супстратниот слој на исчезнатите балкански јазици од индоевропско потекло. Јадрото на македонската држава е областа меѓу реките Лудијас и Аксиј (Херодот). Прв македонски крал е Пердика Ⅰ (сп. античките записи), кој владее кон крајот на Ⅷ в. пр.н.е.; од него започнува владеењето на македонската династија Аргеади (Аргеас е епонимниот херој на Македон) и обединувањето на македонските племиња. Кралевите од династијата Аргеади (707–310/9) се: Пердика, Аргај, Филип, Аероп И, Алкета, Аминта И, Александар И, Пердика Ⅱ, Архелај И, Орест, Аероп Ⅱ, Аминта Ⅱ, Павсанија, Аминта Ⅲ, Александар Ⅱ, Птолемај Алорски, Пердика Ⅲ, Филип Ⅱ, Александар Ⅲ, Филип Ⅲ, Александар ИВ. Првата престолнината е Ајга, каде што е и кралската некропола, а втората престолнина, изградена во времето на Архелај Ⅰ (413–399), е Пела, која во времето на Филип Ⅱ (359–336) станува метропола на Балканот, поголема и од Атина. Моќта на македонската држава се должи на богатството и местоположбата на земјата, способните владетели, военото уредување, вештината на војувањето на Македонците и стремежот за хегемонија не само над Балканот, туку и над тогашниот Свет. Македонија и Македонците стануваат доминантен фактор на Балканот во времето на Филип Ⅱ Македонски, а неговот син Александар Ⅲ Македонски создава светска империја, го обединува „Светот” на најблагороден начин преку „светите свадби” на старите континенти. По смртта на Александар Ⅲ Македонски, со Македонија владеат (334–168) неговите наследници, дијадосите и епигоните: Антипатар, Касандар, Филип Ⅳ, Александар В, Деметриј И, Пир, Лизимах, Птолемај. По 277 год. пр.н.е. следи последната македонска династија Антигониди: Антигон Ⅰ Гонат, Деметриј Ⅱ, Антигон Досон, ФилипⅤи Персеј. Македонија (сп. Страбон) на запад граничи со брегот на Јадранското Море, на исток со утоката на р. Хебар (Марица) и гр. Кипсела; на север се шири преку пл. Бертиск (ден. северноалбански пл.), Скард (шар), Орбел, Родопа и Хемус (Стара Пл.), на југ со Виа Егнатиа, што води од Дирахион (Драч) кон исток до Тесалоника. Најстарите македонски градови се формирани уште во Ⅵ в. пр.н.е.: првата престолнина е Ајга, а втората Пела; на падините на пл. Бероја се гр. Едеса и Бероја, во Пиерија гр. Пидна, а во под-ножјето на пл. Олим: Дион, македонското светилиште, Лејбетра, Хераклеијон, Метона, Пидна; во Ботиаја: Едеса, Бероја, Кир, Скидра, Миеѕа, Ихна, Алорос; во Мигдонија: Тесалоника (основана во 316/5 г. пр.н.е.), Терма, Ематија, Синдос, Аретуса, Лета; во Амфакситида: Идомена, Гортинија, Аталанта и Европ; во Пиерија (крајбрежјето при утоката на р. Стримон): Ејон, Амфипол, Галепс, Ојсимна, Неапол и Аконтисима; во Едонија: Филипи (основан од Филип Ⅱ); на Халкидик: Касандреја (постариот г. Потидаја), Аполонија, Антигонеја, Стратоникеја, Уранопол, Стагира; во Дасаретида: Лихнидос, Евија и Ускана; во Дериоп: Стубера, Алкомена и Бријанион; во Пајонија: Аргос, Стоби (на утоката на Црна Река во Вардар), Антигонеја, Еврист, Стена, Билаѕора, Астибос, Добер, Астрај и Баргала; Арг Орестикон во областа Орестида; во Пелагонија: гр. Пелагонија, Керамија и Колобајса. До римскиот период во Македонија има повеќе од стотина градови. По трите Македонско-римски војни Македонија потпаѓа (168 г.) под римски протекторат. Управно е поделена на четири дела (меридии). Римјаните наметнуваат сурови услови и Македонија е уништена и политички и економски. По обидот за ослободување со востанието на Андриск, Македонија е претворена во римска провинција (146 г.), главна воена база за римските освојувања на север (Трибали, Мези) и на североисток (Тракијци). Во време на римскиот император Октавијан Август, Македонија добива статус на „провинциа инермис”. Во 40-тите год. на Ⅱ в. пр.н.е. е изградена најзначајната сообраќајница меѓу Рим и Константинопол Виа Егнатиа, која со два крака, едниот од Аполонија, другиот од Епидамнос, ги поврзува македонските градови Лихнидос, Хераклеја Линкестиска, Едеса, Тесалоника со Константинопол. Се градат и други патишта: Виа милитарис по должината на Аксиос, кој ги поврзува Тесалоника – Идомена – Антигонеја – СтобиБилазораСкупи, продолжувајќи кон Наисос, по текот на р. Морава допира до Виминациум; трасиран е и дијагонален пат од Хераклеја Линкестиска – Стоби – Астобо – Транупара до Павталија и Сердика. Во доцноримскиот период Македонија стопански опаѓа, територијалниот опфат на градовите се стеснува, а расте бројот на добро утврдените места поради постојаните напади (В– Ⅵ в.) од Готи, Хуни, Авари и Словени (свед. на летописците); единствено Тесалоника се развива како метропола на Балканот. Во Македонија христијанството има голем број приврзаници од самиот почеток; таа е првата земја во која пристигнува апостол Павле (49 г.) за да го шири христијанството; подоцна се формираат моќни епископски седишта во градовите: Тесалоника, Филипи, Стоби, Лихнидос, Хераклеја, Скупи, Дион, Бероја, Тивериопол, Јустинијана Прима. ЛИТ.: Јустин, Филиповата историја. Прев. Љ. Басотова, Скопје, 2000; К. К. Руф, Историја на Александар Македонски. Прев. Љ. Басотова, Скопје, 1998; Н. Г. Л. Хаммонд, Тхе Мацедонин Стате, Оџфорд, 1989; Е. Петрова, Бригите, Скопје, 1996; Н. Проева, Студии за античките Македонци, Скопје, 1997; Историја на македонскиот народ 1, Скопје, 2000; Ф. Папазоглу, Историја на хеленистичкиот период, Скопје, 1995; М. Бошкоски, Имињата Македонија и Македонци во средновековните извори, Скопје, 2003; А. шукарова, Филип Ⅱ Македонски и атинските ре-тори, Скопје, 2003. А. шук.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.