АЛЕКСАНДРИЈА – најголем и најзначаен град во Египет, изграден од Александар Ⅲ Македонски (331 пр.н.е.) на делтата на Нил по освојувањето на Египет за да ја овековечи својата слава. Границите на градот ги определил според македонскиот обичај, ги „исцртал” со брашно од јачмен во форма на машка наметка (хламида) што ја носеле Македонците на патување. Планот е изработен од архитектот Динократ, според идејата на Александар. Во градот се коват пари со претстава на Херакле. Во последните емисии ликот на монетата личи на Александар Ⅲ. Во времето на владеењето на македонската династија Птолемаиди градот се издигнува во најголем центар на културата во антиката, особено со Музејот, Александриската библиотека и Александриската школа, и со развојот на науките: филологија, астрологија, како и математика, поетика, поезија. ЛИТ.: Плутарцх, Алеџандер, Лоеб Цлассицал Либрарѕ, Харвард Университѕ Пресс, 1959; Арриан: Хисторѕ оф Алеџдер анд Индица, Лоеб Цлассицал Либрарѕ, Харвард Университѕ Пресс, 1960; Љ. Цуртиус Руфус, Де Ребус Гестис Алеџдри Мацедонис вол. И, Парисиис, 1822; Ф. Папазоглу, Историја на хеленистичкиот период, Скопје, 1995. А. шук.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.