АЛАНЃУЗИ

АЛАНЃУЗИ . – верувања за болест кај малите деца до шест недели, предизвикана од видување на ритуално нечиста жена (од менструален циклус или сексуален однос), познати и како мурдарлак (Источна Македонија) и брут (Јужна Македонија). Се верува дека децата се заштитени ако жената ја признае својата состојба, во спротивно околу образите и на главата се појавуваат плускавци. За заштита се користеле разни амајлии, а лекувањето се вршело со бањање со велигденско (господово) јајце. ЛИТ.: Стефан ТановиÊ, Српски народни обичаји у –евÚелијској Кази, СЕЗБ „Живот и обичаји народни”, ЏЛ, књ. 16, Етнографски институт, СКА, Београд-Земун, 1927, 108; Речник на народната митологија на Македонците. Редактор Танас Вражиновски, Скопје, 2002, 36. С. Мл.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.