КИРЈАЗОВСКИ, Ристо

КИРЈАЗОВСКИ, Ристо (с. Чифлик, Костурско, 6. Ⅰ 1927 – Скопје, 2002) – историчар, научен советник во ИНИ во Скопје, специјалист за НОБ во Егејскиот дел на Македонија и за Граѓанската војна во Грција. Бил учесник во ЕЛАС и во ДАГ (февруари 1943 – август 1949) и член на КПМ (од август 1943). По поразот на ДАГ преминал во НРМ (1949) и работел како службеник во Ресен и Скопје, каде што завршил учителска школа и бил учител. Подоцна се вработил во АМ (1959), дипломирал на Филозофскиот факултет – Група историја (1960) и (по стекнувањето на звањето архивски советник) преминал на работа во ИНИ (јуни 1974), каде што бил избран во звањето стручен советник (1978). Докторирал на Филозофскиот факултет во Скопје на темата „Народноослободителнииот фронт и другите македонски организации во Егејска Македонија 1945–1949” (1981). Наскоро потоа се пензионирал (април 1987). БИБ.: а) монографии: Народноослободителниот фронт и другите организации на Македонците од Егејска Македонија (1945–1949), Скопје, 1985; Македонските национални институции во Егејскиот дел на Македонија (1941–1961), Скопје, 1887; Македонската политичка емиграција од Егејскиот дел на Македонија во Источна Европа, Скопје, 1889; Демократските и антифашистичките организации во Егејскиот дел на Македонија (1941–1945), Скопје, 1991; Македонците и односите на КПЈ и КПГ (1945–1949), Скопје, 1995; Правната дискриминација на големогрчката политика во Егејскиот дел на Македонија по Втората светска војна, Скопје, 1996 б) зборници на документи – Егејска Македонија во НОБ (1944–1945), т. И-Ⅶ, Скопје, 1971, 1973, 1976, 1980, 1981, 1983, 1985, 1987 и 1996 (со коавтор, освен т. Ⅴ и Ⅶ, кн. 2 и 3); КПГ и македонското национално прашање 1918 –1974, Скопје, 1982. ЛИТ.: Д-р Симо Младеновски, Д-р Ристо Кирјазовски, (По повод 60 години од раѓањето), „Гласник”, ИНИ, ЏЏЏИ, 1, Скопје, јануари-април 1987, 7–12; Ники Јовановиќ, Библиографија на објавени трудови на д-р Ристо Кирјазовски, „Гласник”, ИНИ, ЏЏЏИ, 1, Скопје, јануари-април 1987, 13–20; 50 години Институт за национална историја 1949–1998, Скопје, 1998, 184–187. С. Мл. Благоја Кирков