ЏЕРОВ, Лука

ЏЕРОВ, Лука (Битола, 27. Ⅹ 1870 – Софија, 20. Ⅸ 1948) –„лозар“, учител и револуционер, војвода во Илинденското востание. Се школувал во Битола и во Солун. Учествувал во Мелничкото востание (1895). Во периодот од 1897 до 1899 г. бил учител и училиштен инспектор во Кичевско и член на Битолскиот ОК (1901). Учествувал на Смилевскиот конгрес. Во Илинденското востание дејствувал во Кичевската востаничка област, а по востанието во Битолско. ИЗВ. и ЛИТ.: Борбите в Македони® и Одринско 1878–1912. Спомени, Софи®, 1981; Освободителното движение в Македони® и Одринско. Спомени и материали, И, с. ⅩⅩⅠ; Ⅰ¶, с. Ⅺ, Софи®, 1983. Ал. Тр. Никола Џеров