ЌУЛАФКОВСКИ, Павле Јованов (Папрадиште, Велешко, јули 1865 – на пат кон Папрадиште, 13. Ⅵ 1940) – член на МНЛД во С.-Петербург и потписник на молбата за регистрација на неговиот Устав. УШТЕ млад работи како градежник во Воден (1892–1893) и во Ⅵ сектор на Отоманската же-Павле ќулафковски лезница во Битола (1894–1896), како мајстор-градежник на пристаништето во Констанца (Романија) (1897–1898), работоводител на изградбата на мостот „Троицки“ во С.-Петербург (Русија) (1898–1899), а исто така во Брисел (Белгија) (1900), во Белгиско Конго (Заир) (1900–1902). Доаѓа во руската престолнина и ја потпишува молбата на МНЛД до Советот на СПБСБД за потврдување на Уставот (20. ⅩⅠⅠ 1903), а потоа го однесува букварот на Другарството на македонски јазик за печатење во Њујорк (1904). Работи во Сан-Франциско (1907), а потоа се враќа во Термалито во Калифорнија (1908). Во времето на Балканската војна (1912) си доаѓа привремено во Македонија и со Д. Чуповски учествува на Општомакедонската конференција во Велес, но одново оди во САД (Алјаска) и вонредно студира на Техничкиот колеџ во Чикаго (1920). Се враќа во Македонија како американски пензионер во родното село. Подоцна, на пат од Велес за Папрадиште, е најден убиен. ЛИТ.: Д-р Блаже Ристовски, Димитрија Чуповски (1878–1940) и Македонското научно-литературно другарство во Петроград, И, 1978, 233–234. Бл. Р. ќУРДЛИЈА – горна невестинска облека, изработена од бела клашна, без ракави. Таа е подолга од сајата. Кроена е од предни поли, скутови, поли, скутчики, мали поли, задниште, стан, расцепок (цеп од страните долу) и колтуци (триаќурдлија & горна невестинска облека со богати декоративни елементи голнести парчиња за под пазувите). Под пазувите надолу целата е аплицирана со алова чоја и е богато украсена со декоративни елементи, слични како оние застапени кај шарената саја (в.). Ј. Р.-П. ЌУРЧИЕВ, Кирил Тодоров