ЉВОВ, Андреј Степанович (А. С. ЛÏвов,) (Кашмаш, Чувашија, РФ, 5/18. Ⅹ 1905 – Москва, 10. Ⅹ 1979) – руски лингвист, русист и медиевист. Дипломирал на Историско-филолошкиот фак. во Казањ. За студијата „Очерки по лексике пам®тников старослав®нской писÏменности” му се признава степенот д-р по филолошки науки. Љ. го застапува ставот дека говорот на македонските Словени од околината на Солун е основата за стслов. јазик, а македонските говори се самостојни (ниту во минатото, ниту сега не се бугарски). В. Д. Владислав Љубаш