ШУМСКО ЗАКОНОДАВСТВО

ШУМСКО ЗАКОНОДАВСТВО. На територијата на РМ првите правила за управување и користење на шумите се поставени во времето на владеењето на цар Душан. Со Душановиот законик (1349) се забрануваат голите сечи. Во ⅩⅩ в. Кралството на СХС имало Упатство за уредување на државните шуми (1931), а потоа донело и Упатство за ознака на стеблата и за одредување приход во пребирните државни шуми (1937). Во ФНРЈ беше донесено Упатство за инвентаризација на шумите (1946) и Општи упатства за уредување на шумите (1948). Во СФРЈ се донесе Уредба за посебни услови за основање на пилани, бр. 15/57, Закон за шумите бр. 27/68 (1968), кој наскоро беше дополнет (бр. 19/70). Во тој период беа донесени и поблиски прописи за стопанисување со шумите: Правилник за шумскиот ред (бр. 9/70), Правилник за начинот на вршење дознака (бр. 09/70), Правилник за изработка на шумско-стопански основи и програми за унапредување на шумите и евидентирање на извршените работи (бр. 17/71), Правилник за начинот на жигосување и издавање испратница за посечено дрво (бр. 37/68). Следуваше Закон за шумите (бр. ШУМСКО-СТОПАНСКИ 1. Според просторната застапеност и дрвната резерва шуми Дрвна маса Државни Приватни широколисни Иглолисни Мешани 1000 1000 1000 1000 1000 1000 1000 1000 1000 1000 1000 1000 3 33333 ха м хам хам хам хам хам 964 78.737 858 72.010 106 6.855 826 62.676 83 8.809 59 10.722 2. Според намената на шумите 3. Според видовите дрвја во хектари Тип на шуми според намената Површина Дрвна маса Годишен прираст 3 3 ха % м % м % Стопански шуми 892.347 92,6 72.543.375 92,6 1.717.903 90,44 Заштитни шуми 17.617 1,83 832.148 1,06 25.865 1,36 Национални паркови 43.589 4,53 4.723.442 6,03 166.491 8,76 Излетишта 1.103 0,11 62.944 0,08 2.177 0,10 Други шуми со посебна намена 8.897 0,93 181.213 0,23 6.594 0,34 Вкупно: 963.653 100 78.343.122 100 1.899.030 100 шуми според видови дрвја шумски фондови шуми според сопственост (сост. 31. ⅩⅠⅠ 1993) (сост. 31. ⅩⅠⅠ 1993) Вкупно Државни Приватни Ⅴ к у п н о 963.751 963.715 857.621 106.094 Чисти насади од лисјари 548.817 548.048 470.983 77.065 Чисти насади од иглолис. 82.778 83.274 73.879 9.395 Мешов. насади од лисјари 277.299 277.330 260.722 16.608 Мешов. насади од иглол. 7.847 8.064 6.764 1.300 Мешовити насади лисјари – иглолисни 47.010 46.999 45.273 1.726 шумскиот фонд во Република Македонија 20/74), кој беше изменет двапати (бр. 15/86 и бр. 44/91). Последниот Закон за шуми (бр. 47/97) с“ уште е во сила, а во него шумата се дефинира како добро од општ и посебен интерес за РМ, шумите се третирани според стопанските и посебните намени, додека поимот стопанисување со шумите претставува функција на заштита, одгледување и користење. Од него произлегува и се дефинира управувањето и стопанисувањето со државните шуми за стопанска намена, за што е задолжено ЈП „Македонски шуми“. Ал. Анд.