ШУМСКИ КУЛТУРИ И ПЛАНТАЖИ

ШУМСКИ КУЛТУРИ И ПЛАНТАЖИ – во поширока смисла ги опфаќаат сите вештачки подигнати култури од шумски дрвја. Тука спаѓаат вештачки подигнатите низмот. Дипломирал (1986) и магистрирал (1999) на Факултетот шумски култури во Македонија за производство на дрвна маса култури, кои со својата структура, зависно од дрвните видови и нивните меѓусебни односи, одговараат на природната шума од тоа станиште (сѕлвицултура), како и вештачките култури од посебно избрани видови дрвја за брзо производство на дрвна маса (лигницултура). Брзото производство на дрвна маса се постигнува со подигање на интензивни шумски култури и плантажи, кои со својата растителна структура и меѓусебните односи на дрвјата не ги следат законитостите на растот и развојот на природните шуми на тоа станиште. Во првиот случај, зависно од бројот на видовите, културите можат да бидат чисти (составени од еден вид) и мешовити (составени од повеќе видови). Интензивните шумски култури и плантажи се подигаат на почви и станишта со такви својства што ќе обезбедат рентабилно производство и затоа при нивното подигање се води посебна грижа за изборот на видовите, стаништето, силвокултурните мерки и др. Со оглед на големото растојание на садниците во културите, првите неколку години можат да се садат меѓукултури (декоративни грмушки или земјоделски култури), кои се плантажи во потесна смисла. Ал. Анд. шумски пожари во РМ